Во ноќен клуб во Гостивар полицијата уапси четири странски државјанки поради злоупотреба на туристичкиот престој.

Според информациите на МВР, ноќеска во периодот од 01.05 до 02.10 часот полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле акциска контрола во ноќен клуб на улица „Илинденска“ во Гостивар, сопственост на Ј.А.(49) од Гостивар.

При тоа биле затекнати 15 женски лица, од кои 11 македонски државјанки и четири странски државјанки, на возраст од 31 до 42 години, од Србија и Украина.

Странските државјанки биле приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка поради злоупотреба на туристичкиот престој и против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Текстот Уапсени Србинки и Украинки во ноќен клуб во Гостивар е превземен од МАКФАКС.