Вчера во 16:40 часот на експресниот пат Прилеп-Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Н.П.(40) од Битола.

Тој, управувајќи патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки удрил во банкина, а по извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото со 2,83 промили алкохол во крвта.

Утрово во 00:12 часот на ул. „Битолска” во Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода В.Ц.(47) од Демир Хисар.

При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „голф” со демирхисарски ознаки, кое го управувал В.Ц., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2.60 промили алкохол во крвта.

Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297-а од КЗ – „безобѕирно управување со моторно возило”, информираат од МВР.

Текстот Уапсени пијани возачи од Битола и Демир Хисар: едниот со возилото удрил во банкина е превземен од МАКФАКС.