Вчера вечер во 22:10 часот полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода 36-годишната Ц.Н. и Д.Н.(50), двајцата од Неготино, поради основано сомнение дека извршиле кражба, при што одзеле околу 30.000 евра од домот на брачен пар од Неготино.

Со судска наредба бил извршен претрес во нивниот дом, каде биле пронајдени и одземени 2.320 евра, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражбата.

Додека, денеска (08.08.2025) со судска наредба, бил извршен и претрес во домот на 62-годишната З.Т. и Т.Т.(34) од Неготино, мајка и брат на Ц.Н., при што во просторија каде живеела нејзината мајка биле пронајдени и одземени 2485 евра, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражбата, зелена растителна материја, таблети екстази и бела прашкаста материја.

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави./Макфакс

Текстот Уапсени крадци од Неготино кои украле околу 30.000 евра, при претрес пронајдена и дрога е превземен од МАКФАКС.