Полицијата уапси двајца крадци од Скопје кои краделе во црква во Сопиште.

Според информациите на МВР, полицијата ги уапси Р.Д.(30) и М.Ј. (39), двајцата од Скопје поради сторено кривично дело “тешка кражба“.

На 19.05.2025 во СВР Скопје е пријавено дека од црквата „Св. Спас” во Сопиште, скопско, биле одземени предмети.

„Веднаш се преземени соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје и сторителите се откриени и лишени од слобода на територија на Шуто Оризари. Тие во службен разговор го признаа кривичното дело, а одземените предмети се пронајдени и вратени на црквата. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.