Вчера во 21:13 часот на ул.„Солунска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Н.Л.(42) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат” со битолски регистарски ознаки, управуван од Н.Л. при што е констатирано дека возилото го управувал со 2,99 промили алкохол во организмот.
На 28.10.2025 во 00:55 часот во ОВР Делчево е пријавено дека во село Габрово, делчевско, патничко возило „опел“ со бугарски национални ознаки, управувано од О.З.(55) од с.Габрово, удрило во ограда не негов сосед. При преземање мерки во врска со незгодата констатирано е дека тој е под дејство на алкохол, односно дека го управувал возилото 1,82 промили алкохол во крвта, по што е лишен од слобода.
На 27.10.2025 во Кочани, полициски службеници од ОВР КОчани го лишија од слобода Ј.И.(57) од с.Бања, кочанско. Претходно, тој со патничко возило „југо“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал на ул.„Роза Петрова“ во Кочани, удрил во неколку паркирани возила. При преземање мерки во врска со незгодата, констатирано е дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,01 промили алкохол во крвта.
Тројцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управвуање со моторно возило“.
Текстот Уапсени возачи од Битола, делчевско и Кочани, возеле пијани е превземен од МАКФАКС.























