Тренерот на Челзи, Томас Тухел, по нерешените 2:2 со Ливерпул во 21. коло од Премиер лигата, истакна дека тимот одлично одговорил на примените голови.
– Одлично реагиравме на примените голови, но тоа не е единственото позитивно нешто. Натпреварот го започнавме многу силно, а тоа уште повеќе го отежна прифаќањето на резултатот 0:2 до средината на првото полувреме. Имавме чувство дека требаше да победиме со два гола разлика. Бевме казнети за две-три сериозни грешки. На два гола негатива можевме да се откажеме и да прифатиме дека денес едноставно не ни е ден, но моите играчи не го дозволија тоа и успеаја да се вратат во игра со неверојатен карактер. Тоа беше голем натпревар против врвниот ривал, полн со енергија и одлични индивидуални перформанси, истакна Тухел.
По 21. коло во Англиското фудбалско првенство, Челзи е втор на табелата со 43 бода, Ливерпул е трет со 42 бода и натпревар помалку.