Фудбалскиот тренер на Челси, Томас Тухел е позитивен на коронавирус, објави лондонскиот премиерлигаш.
Затоа Тухел не го предводеше тимот против Плимут во четвртото коло од ФА Купот.
Клубот соопшти дека Тухел ги почитувал сите протоколи и е во самоизолација.
Клубот се надева дека ќе се приклучи на тимот на Светското клупско првенство во Абу Даби следната недела.
Фудбалерите на Челси веднаш по натпреварот против Плимут патуваат во Абу Даби.