Обединетите нации (ОН) го усвоија официјалното барање на Анкара за промена на името на Турција, со што земјата се преименува во Туркије.

Advertisements

Портпаролот на ОН, Стефан Дујарик, изјави дека во средата е примено писмото од турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, адресирано до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во кое се бара употреба на името Туркије наместо Турција.

Дујарик додаде дека промената на името на државата стапила во сила од моментот кога е примено писмото.

Турција во декември го започна потегот за промена на своето меѓународно признато официјално име во новото име Туркије откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави меморандум и побара од јавноста да го користи зборот Туркије за да ја опише земјата на секој јазик.

Името Туркије, како што вели Ердоган, најдобро ги претставува и изразува културата, цивилизацијата и вредностите на турскиот народ.

Прикажи повеќе