Турција и се приклучува на тужбата на Јужноафриканската Република против Израел за геноцидот во Газа

Турција денеска ќе се приклучи на тужбата на Јужна Африка против Израел за геноцидот во Газа, пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг.

„Интервенцијата на Турција ја насочува меѓународната заедница да ја препознае и да одговори на хуманитарната криза во Газа“, изјави анонимен извор за западни медиуми.

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави претходно оваа недела дека Истанбул ќе издаде декларација за случајот денеска.

Турција во мај најави дека ќе се приклучи на тужбата покрената од Јужна Африка./ МИА