Русија тврди дека нејзините сили презеле целосна контрола врз станбените населби во источниот украински град Северодоњецк. Жестоки улични борби траат веќе неколку дена, бидејќи состојбата на теренот брзо се менува. Украинските сили се уште ја контролираат индустриската зона и околните населени места, а локалните власти ги евакуираат граѓаните.

Advertisements

Ајде да одиме, да не губиме повеќе време овде!, рече Мајорот.

Ако заминеме, нема никогаш да се вратиме и на крајот ќе бидеме сиромашни, рече Надежда, жителка на овој регион.

Украинскиот претседател пак, тврди дека Русија изгубила повеќе од 30.000 војници од почетокот на конфликтот.

„Повеќе од 31.000 руски војници загинаа во Украина. Од 24 февруари Русија плаќа за оваа бесмислена војна против Украина со речиси 300 животи на свои војници секој ден,“ рече Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Во меѓувреме, Москва тврди дека презела контрола над 97 отсто од територијата на Луганск, една од двете провинции што го сочинуваат Донбас. Во меѓувреме во Турција се разговара за деблокирање на украинското пристаниште Одеса за да може да се извезува жито од Украина кон светот.

„Сегашната ситуација со украинската пченица нема никаква врска со кризата со храна. Подготвени сме да обезбедиме бродовите да се движат безбедно од украинските пристаништа. Подготвени сме да го направиме тоа со нашиот турски партнер,“ рече Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.

Турскиот шеф на дипломатијата Мевљуд Чавушоглу, рече дека се разгледува план за отворање коридор за извозот на жито. Украина е една од десетте најголеми извозници на жито во светот и без нејзините количини светот се соочува со недостиг.

Шкелзен Аќифи