Турските актери станаа синоним за харизма, мажественост и неодолива привлечност. Нивниот продорен поглед и необичната комбинација на страст и нежност ги освоија срцата на гледачите ширум светот.

Она што ги прави уште поинтересни за балканската публика е фактот што многу од нив потекнуваат од овие краеви. Нивната крв ги носи приказните на нивните предци, зачувувајќи ги спомените на старите земји, додека тие со својот талент го освојуваат современиот свет, пренесува „Она.рс“.

Во прилог четворица турски актери со балканско потекло, нивните кариери, актуелни проекти и интересни факти од нивниот приватен живот.

Киванч Татлитугзлатното момче на турската кинематографија

Киванч Татлитуг, роден на 27 октомври 1983 година во Адана, важи за еден од најатрактивните турски актери. Неговата висока фигура, продорни сини очи и мажествен изглед го направија миленик на женските гледачи. Потекнува од семејство на босански доселеници, со што гордо се фали, истакнувајќи ги своите балкански корени.

Иако како тинејџер сонувал да стане професионален кошаркар, судбината го одвела во светот на модата и глумата. Благодарение на неговата убавина и шарм, тој брзо стана најбараниот модел во Турција. Неговата актерска кариера започна со улога во серијата „Гумуш“ (2005), но вистинската слава ја стекна како Бехљул во хит серијата „Забрането овошје“ (2008). Неговата способност да биде и романтичен и мистериозен во исто време го направи еден од најбараните актери во индустријата.

Татлитуг се истакна во многу проекти, вклучувајќи ги „Езел“ (2009), „Север-југ“ (2011) и „Судбина“ (2016). Неговата последна улога во филмот на Нетфликс „Последен повик за Истанбул“ уште еднаш ја докажа неговата актерска големина.

Меѓу најновите проекти се издвојува серијата „Ајле“.

Приватно, Киванч е во среќен брак со стилистката Башак Дизер од 2016 година.

Чагатај Улусој – модерниот принц на турската телевизија

Чагатај Улусој, роден на 23 септември 1990 година во Истанбул, е уште еден актер со балкански корени. Неговото семејство потекнува од Босна и Херцеговина, а неговата заводлива насмевка и лесен шарм оставија неизбришлива трага во турската кинематографија.

Неговиот пат до славата започна со титулата најдобар модел на Турција во 2010 година. Набргу потоа тој го имаше своето деби играјќи го богатиот и ранлив млад човек Емир, добивајќи огромна популарност. Потоа следуваа улогите во „Меџезир“ (2013-2015), турската верзија на серијата „Портокалова област“ и акциониот трилер „Ицерде“ (2016-2017), каде ја покажа својата актерска сестраност.

Чагатај е и првиот турски актер кој стана дел од продукција на Нетфликс, глумејќи во серијата „Заштитникот“ (2018-2020), со што ја зацврсти својата меѓународна слава. Неговите најнови серии на Нетфликс „Терзи“ (2023) и „Вистински господин“ (2024) му донесоа нова армија од женски обожаватели.

Кога станува збор за љубовниот живот, Чагатај со години беше во врска со Дујгу Сарисин, позната турска актерка. Нивната врска долго време ги заинтригира медиумите, но на крајот на 2022 година решија да стават точка. Моментално се шпекулира дека е во врска со мистериозна дама од уметничките кругови, но актерот приватниот живот го држи подалеку од очите на јавноста.

Фуркан Андиќ – шармантен заводник

Роден на 4 април 1990 година во Истанбул, Фуркан Андиќ е актер кој во себе носи спој на турско и балканско наследство. Неговата мајка е од Босна и тој дел од неговите корени го гледа како значаен дел од неговиот идентитет.

Со висина од 190 см, изразена вилица и насмевка која плени на прв поглед, Фуркан е еден од омилените турски актери од помладата генерација. Актерската кариера ја започна во серијата „Колеј Гунлугу“ (2011). Неговата способност да игра неодоливи романтични херои му го донесе прекарот „Шармантен турски принц“.

Публиката го обожава не само поради неговиот талент, туку и затоа што важи за еден од најпристапните и најдуховитите актери во индустријата. За неговиот приватен живот, познато е дека бил во врска со колешката Дилан Чичек Дениз, но раскинале во 2018 година.

Џан Јаман – оган, страст и нескротлива харизма

Џан Јаман, роден на 8 ноември 1989 година во Истанбул, поседува необична комбинација на сурова мажественост и заводлив поглед. Неговите корени водат кон Балканот – неговиот дедо е од Косово, а неговата баба е од Македонија.

Во јуни 2024 година, Јаман ја шокираше јавноста со бришење на неговиот Инстаграм профил и сите објави на платформата Х (поранешен Твитер). Причината за овој потег беа медиумскиот притисок, критиките и неговото преселување во Италија, што создаде токсична атмосфера што го доведе до оваа одлука. Тој потоа изјави: „Не ги користам социјалните мрежи во моја корист; дојдов овде да работам, а не како турист“.

По враќањето на Инстаграм, Јаман сподели повеќе од десет објави во рок од три дена, повторно поврзувајќи се со своите следбеници и создавајќи огромно исчекување за неговите нови проекти. Неговата фотографија со Ед Вествик, направена за време на претставувањето на серијата „Сандокан“ во Лондон, стана вирална и предизвика лавина коментари и шпекулации за нивниот професионален и личен однос.

На љубовен план, се чини дека не е зафатен.

Турскиот актер еднаш ја запроси својата колешка Дилета Леота по краток период на врска. Сепак, Дилета Леота и Џан Јаман се разделија и нивната свршувачка беше прекината.

Текстот Турски заводници кои имаат балканско потекло, меѓу нив и актер поврзан со Македонија е превземен од МАКФАКС.