Клупата на Јувентус продолжува да биде главна фудбалска тема на Апенинскиот полуостров.
Се чини дека Тиаго Мота ги брои последните денови во Торино, „Старата дама“ се уште не најде замена, но е многу блиску.
Како што стојат работите, хрватскиот стручњак и поранешен играч на Јувентус, Игор Тудор би можел да стане нов тренер на црно-белите.
Според „Газета дело Спорт“, челниците на Јувентус се одлучиле за Тудор бидејќи тој е подготвен да прифати договор на „определено време“, поточно до крајот на сезоната.
Тудор би го предводел Јувентус само на девет првенствени натпревари. Разговор за евентуално нов договор би се водел само доколку ја исполни примарната цела, пласман во топ 4.
На вакви услови не се согласи искусниот Роберто Манчини, додека како потенцијални тренери на лето се споменуваат Антонио Конте и Стефано Пиоли.
Да потсетиме, Тудор е без работа една година, откако го напушти Лацио, а во кариерата работеше и во Марсеј, Верона, Хајдук, Удинезе, Галатасарај, ПАОК, Карабукспор.
Текстот Тудор се согласил да го води Јувентус до крајот на сезоната е превземен од МАКФАКС.