Шест лица вчера попладне побарале итна медицинска помош поради сомнение за труење со храна по оброк во студентската менза на колеџ во Загреб. Станува збор за менза на приватен ресторан каде студентите користат субвенционирани оброци, а се наоѓа веднаш до Геодезискиот, Градежниот и Архитектонски факултет, пренесуваат тамошните медиуми.
Сите се препратени на Клиниката за инфективни болести д-р Фран Михаљевиќ каде им се укажани лекарски услуги, а две лица поради тешки симптоми се задржани во болница, пренесува „index.hr“.
Подоцна, уште едно лице побарало помош, додека едно лице со изразени симптоми одбило лекарска помош.
Поради настанот на терен излегле службеници од Државниот инспекторат и од Санитарната инспекција, кои извршиле надзор на просторот за обезбедување храна за ученици.
Една студентка за порталот Srednja.hr изјавила дека во тоалетот на факултетот наишла на двајца студенти кои повраќале кои и и кажале дека јаделе болоњезе во мензата.
Недолго потоа, таа и колешката се упатиле кон мензата, но се откажале бидејќи во студентската група WhatsApp пристигнала порака дека на неколку студенти од колеџот не им е добро и дека мензата е затворена.
„Веќе бевме пред мензата, па ги прашавме работниците дали е вистина дека се затворени. Тие рекоа дека не знаат ништо. Тогаш дојдоа сопствениците на ресторанот и почнаа да се правдаат, дека се е во ред, дека меленото месо е свежо, дека мензата неодамна била отворена“, раскажува таа.
Текстот Труење во Загреб: неколку студенти завршиле во болница со тешки симптоми е превземен од МАКФАКС.