Трудниците да се вакцинираат за заштита од коронавирусот и да се вратат на работа. Ова е најновата препорака на Комисијата за заразни болести. Здравствените експерти предлагаат да се укине мерката со која се овозможува ослободување од работа на бремените жени како резултат на ризикот од Ковид-19, во согласност со епидемиолошката состојба со корона вирусот.
Комисијата предлага укинување на мерката за поседување на ковид сертификат за државјаните на РСМ при излез од земјата. Но нема никаква измена во однос на сертификатите за вакцинација при влез во одредени објекти. Истите сè уште се на сила.
Препораките треба да ги разгледа Координативниот кризен штаб и потоа да се усвојат или одбијат од Владата.
Бремените жени беа ослободени од работа со одлука на Владата минатата година на почетокот од месец ноември.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.