Тројца полициски службеници се повредени во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила во Скопје, на кружниот тек меѓу булеварот „Партизански одреди“, улицата „Ѓорче Петров“ и улицата „Ацо Шопов“.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 12 јули 2025 година околу 15 часот, при судир помеѓу патничко возило „Опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 29-годишниот Б.Н. од Скопје и службено возило „Крајслер“, сопственост на МВР, управувано од полицискиот службеник В.И. (35) од село Бањане.

Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот В.И. и неговите сопатници, полициските службеници А.С. (28) и И.Б. (26), двајцата од Скопје. На сите тројца повредени им е укажана лекарска помош во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде биле констатирани телесни повреди.

На местото на несреќата извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

Текстот Тројца полицајци повредени во сообраќајка е превземен од МАКФАКС.