Четири лица повредени во масакрот во Цетиње се хоспитализирани во Клиничкиот центар во Подгорица. Директорот на Клиничкиот центар Александар Радовиќ изјави дека тројца пациенти, двајца мажи и една жена, се во стабилна состојба, но и утрово се во процес на одвојување од апаратот за дишење. Четвртиот пациент е во критична состојба, има повреди на главата и рано утринава бил опериран.
„Во лекувањето учествуваа 11 хирурзи. Персоналот професионално си ја вршеше работата. Повредите на пациентите се многу опасни, а може да настанат компликации“, вели Радовиќ.
Што се однесува до овие тројца пациенти, вели тој, постои оптимизам, но се работи за опасни повреди.
Доктор Перица Мараш вели дека синоќа за многу краток временски период истовремено биле примени четворицата пациенти со многу тешки повреди.
„При една интервенција моравме да се преселиме во собата број четири. Таму имаше пациент со повреди на тенкото црево и слезината. Беше во прилично нестабилна состојба, но беше згрижен и префрлен на одделението за интензивна нега“, рече Мараш.
Потоа, како што вели, се преселиле во собата број пет.
„Таму најдовме пациент со повреди на дебелото и тенкото црево, како и повреда на мозокот. Тој беше преземен од неврохирурзи, кои ја вршеа операцијата до раните утрински часови“, рече тој.
Нагласува дека се работи за повреди кои се исклучително сериозни и дека сите овие повреди се сметаат за смртоносни.
Обезбедена е психолошка и психијатриска помош. Клиничкиот центар е во комуникација со стручен тим од Србија, кој имал искуство по масовното убиство во Рибникар.
Текстот Тројца пациенти стабилни, еден маж во многу тешка состојба по масакрот во Цетиње, изведени тешки опреации во Клиничкиот центар во Подгорица е превземен од МАКФАКС.