Полициските службеници од СВР Охрид во текот на 14 и 15 октомври привеле неколку лица поради нарушување на јавниот ред и мир и агресивно однесување.

На булеварот „Македонски просветители“ е приведен 53-годишен охриѓанец кој се однесувал агресивно и лажно пријавил дека бил физички нападнат. Кај него биле измерени 1,51 промили алкохол.

На улица „Партизанска“ полицијата привела 42-годишен маж кој прво правел неред во продавница, а потоа физички се спротивставил на обезбедувањето. Алкотестот покажал 3,52 промили.

Во селото Лескоец се приведени двајца лица, на возраст од 34 и 46 години, поради меѓусебна физичка пресметка пред продавница. Кај нив биле утврдени 2,30 и 2,46 промили алкохол.

Против сите лица ќе бидат поднесени соодветни пријави по целосно документирање на случаите.

Текстот Тројца охриѓани приведени поради нарушување на јавниот ред и мир под дејство на алкохол е превземен од МАКФАКС.