Три лица загинаа а двајца се повредени, меѓу нив возачот на возилото кое денеска излета од патот Штип-Радовиш.
Според МВР денеска во СВР Штип во 08.13 часот било пријавено дека на експресниот пат Штип-Радовиш, кај мостот на Балталиска река во близина на с.Лакавица, штипско, товарно возило „фиат дукато“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Струмица, а управувано од М.Д.(35) од с.Иловица, струмичко, излетало од мостот.
Од екипа на итна медицинска помош, кај три машки лица е констатирана смрт, додека возачот и уште едно машко лице со повреди се пренесени во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
Увидот е во тек соопшти полицијата.
Текстот Тројца загинати и двајца повредени: тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш е превземен од МАКФАКС.