Постојат луѓе кои „оживуваат“ во пролет и лето, а има и такви кои најмногу уживаат во есен и во зима. Ова е особено изразено кај некои хороскопски знаци.Сезоната на Вага нè воведува во есента. Вагата е совршена комбинација на првите есенски дружења кога вечерите стануваат малку постудени, топли пијалоци со есенски зачини и украси од тиква.Скорпијата е секако најмистериозниот знак во Зодијакот. Таа е олицетворение на есенската темнина, па не случајно Ноќта на вештерките паѓа токму во сезоната на скорпии. Овој воден знак е многу погрешно разбран и духовно сложен. Сепак, и покрај неговата длабоко загадочна личност, има нешто навистина магично во Скорпијата.Стрелецот е огнен знак, исто како Овенот и Лавот. Меѓутоа, огнот на овој променлив знак е сосема различен од другите два бидејќи токму неговата светлина ги зближува луѓето. На пример, замислете како седите околу оган на плажа, опкружени со пријателите и семејството – токму тоа е Стрелецот. Во својата сезона, тој навистина цвета и споделува сè што крие внатре со остатокот од светот.
Токму тогаш, есента полека се приближува до сезоната на празници и веселби, а таа стрелачка светлина ќе ги осветли тие темни, магливи вечери пред празниците. Ако имате некој во вашето опкружување кој е Стрелец, имате голема среќа. Не го пуштајте да си оди.