Три пријави за физички напад врз малолетни лица доби полицијата, од кои два случаи во Скопје и еден во Виница. Во полицијата во Скопје вчера 41-годишен маж во 11.30 часот пријавил дека во основно училиште на подрачјето на Карпош, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца соученици, а биле употребени и тврди предмети.
Во полициска станица во Скопје било пријавено дека во средно приватно училиште на подрачјето на Карпош, малолетник со тврд предмет бил физички нападнат од негов соученик.
Во Виница вчера попладне било пријавено дека на 11 март околу 18.30 часот, малолетник бил нападнат од шест луѓе, од кои тројца биле малолетни, а бил употребен и тврд предмет.
Во сите случаи од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на настаните.