Три организации за човекови права поднесо тужба против Холандија поради испорака на делови за воени авиони во Израел

Три организации за човекови права денеска поднесоа тужба против Владата на Холандија поради тоа што не ја почитува забраната за снабдување на Израел со резервни делови за воените авиони Ф-35, пренесе МИА.

Апелацискиот суд во февруари пресуди Холандија да престане да испорачува делови за израелските воени авиони кои се користат во офанзивата во Појасот Газа, со образложение дека тоа е „јасен ризик“ оти авионите се средство за кршење на меѓународното хуманитарно право.

Организациите за човекови права ја поднесоа тужбата, тврдејќи дека забраната не била спроведена.

– За жал, сè укажува дека овие делови од Холандија пристигнуваат во Израел по други рути, соопшти рече „Оксфам Новиб“ една од организациите поврзани со случајот.

Додека адвокатката Лизбет Зегвелд, која ги застапува организациите пред судот посочи дека „холандската Влада продолжува да испорачува (делови) на други земји, вклучително и САД и тоа е спротивно на наредбата на судот.