НБА тимовите на Денвер Нагетс, Бостон Селтикс и Сан Антонио Спарс разменија играчи. Денвер Нагетс ги испратија во Бостон Бол Бол и Пи Џеј Дозир, а од нив Сан Антонио доби пик во втората рунда на драфтот што ќе се одржи во 2028 година.

Нагетс во овој трејд го добија Брин Форбс од Сан Антонио, а Бостон во Тексас го испратија Хуначо Ернангомез.

Најзвучно име во овој трејд е Форбс. Минатата сезона со Милвоки Бакс ја освои шампионската титула. Играше на 70 натпревари во регуларниот дел од сезоната и на 20 во плеј-офот. Минатата сезона имаше 45 отсто шут за три поени