Три безживотни тела се пронајдени утрово во викендица во областа Велика Лудина во Хрватска.

Околу 06:30 часот во полиција било пријавено дека во викендица во областа Велика Лудина има тројца мажи кои не се чувствуваат добро.

По пристигнувањето на местото на настанот, полициските службеници пронашле три безживотни тела, додека на телата не биле забележани надворешни повреди.

На местото на инцидентот се води истрага, предводена од заменик окружниот правобранител при окружното правобранителство Сисак во соработка со експерти од Центарот за форензички испитувања, истражувања и вештачења „Иван Вучетиќ“.

Телата се пренесени во Одделот за патологија во Општата болница во Сисак, каде што ќе биде извршена обдукција за да се утврди точната причина за смртта.

Во тек е истрага со која ќе се утврдат сите околности на овој настан, соопшти сисачко-мославинската полиција.

Прикажи повеќе