Кога врската ќе западне во криза, секако дека треба да ги подмачкате шрафовите и да се борите за нејзиниот опстанок. Меѓутоа, понекогаш овие обиди може да бидат очајни, бидејќи на некои врски навистина им нема спас. Ова се трите најлоши обиди да ја спасите врската за која нема надеж…
1. Се преправате дека сѐ е во ред
Некои луѓе го сметаат раскинувањето за срамота, па затоа одбираат да глумат дека сѐ е како што треба. Тоа не вклучува само глума пред роднините и пријателите. Паровите кои се обидуваат со игнорирање да ги решат сите свои проблеми, честопати глумат и кога се сами, во своите четири ѕида.
2. Се одлучувате за брак
Сигурно познавате барем еден пар кој веќе одамна не е среќен, но наместо вест за раскинување, ви пристигнала покана за свадба. Стравот од раскинување кај некои луѓе е толку силен, што понекогаш ќе ги преземат сите можни чекори за да го направат уште потешко за изведување.
3. Решавате да направите дете
Иако ова е погрешен пристап, голем број луѓе и понатаму мислат дека доаѓањето на детето ќе ги поправи работите во врската што не се како што треба. Но јасно е дека детето само ќе го одложи неизбежниот крај. Ако не ви оди заедно, кога сте сами, многу е неодговорно да очекувате дека детето ќе ве претвори во пар од соништата.