Израелските научници вчера објавија дека откриле дека тројната вакцина против коронавирус со вакцината на Фајзер/БиоНТек обезбедува значителна заштита од нова варијанта на омикрон.
Заклучоците од истражувањето се слични со оние шро претходно неделава беа презентирани од БооНТек и Фајзер, што беа првиот знак дека дополнителните дози на вакцината би можеле да бидат клучни за заштита од новоидентификуваната варијанта на коронавирус.
Истражувањето, спроведено од медицинскиот центар Шеба и Централната виролошка лабораторија на израелското Министерство за здравство, ја спореди крвта на 20 лица кои примиле две дози од вакцината пред пет-шест месеци со исто толку луѓе кои ја примале третата доза пред точно еден месец.
-Лицата кои ја примија втората доза пред пет или шест месеци немаат способност да го неутрализираат омикронот. Иако имаат некои против делта, изјави Гили Регев-Јочај, директор на Одделот за заразни болести во Шеба.
„Добрата вест е што со третата доза за 100 отсто се зголемува способноста за неутрализирање. Има значителна заштита со третата доза. Таа е пониска од способноста да се неутрализира делта варијантата, или за околу четири пати помала“, додаде таа.
Израелскиот тим соопшти дека работеле со жив вирус додека фармацевтските компании го користеле тоа што е познато како псевдовирус, кој има карактеристични омикронски мутации.
Израелското истражување следи по истражувањето од Јужна Африка кое покажа дека сојот омикрон може делумно да ја заобиколи заштитата што ја обезбедуваат две дози од вакцината.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.