Има луѓе кои тивко го набљудуваат светот околу себе, не се наметнуваат и не бараат внимание… А потоа се оние другите. Оние кои знаат што сакаат, ја водат играта, донесуваат одлуки и не се откажуваат додека не ги постигнат своите цели.
Нивното присуство се чувствува веднаш штом ќе влезат во просторијата, а кога ќе кажат нешто – сите слушаат. Ако некогаш сте се запрашале кои хороскопски знаци владеат со секоја ситуација, откријте ги трите најдоминантни знаци.
Лав
Ако постои знак роден да доминира, тоа е Лавот. Овие харизматични, моќни поединци не само што знаат да преземат контрола, туку и уживаат. Лaв не е некој што ќе чека некој друг да му даде зелено светло – тој го пали рефлекторот и самиот излегува на сцената. Лавовите сакаат да бидат лидери, шефови и главни лица во секое општество, а ако се обидете да ги ставите во втор план – подгответе се за драма од епски размери. Нивната самодоверба е заразна, а енергијата неодолива, па не е ни чудо што сите сакаат да ги следат.
Шкорпија
За разлика од Лавот, кој доминира отворено, Шкорпијата владее од сенка. Овие мистериозни поединци не бараат внимание – но моќта е секогаш на нивна страна. Нивната сила лежи во интелигенцијата, страста и способноста да ги „читаат“ луѓето за неколку секунди. Тие секогаш се три чекори пред вас. Шкорпиите се оние луѓе кои ги знаат сите ваши тајни, а вие речиси ништо не знаете за нив. Имаат неверојатна моќ на контрола и се исклучително стратешки настроени – во деловниот свет се незапирливи, а во приватниот живот фатални и неодоливи.
Јарец
Ако Лавот сака да биде крал, а Шкорпијата е куклар во сенка, тогаш Јарецот е император кој ја гради својата империја. Овој знак е амбициозен, упорен и неверојатно дисциплиниран. За разлика од другите знаци кои сакаат да доминираат поради егото или моќта, Јарецот го прави тоа затоа што знаат дека се најдобри. Нивната доминација доаѓа преку работа, труд и непоколеблива волја. Јарецот е оној кој секогаш има план и никогаш не се откажува, дури и кога сите други креваат раце. Не сакаат да губат време на неважни работи – ако нешто не носи резултати или не ги води до целта, едноставно не им е грижа.
Текстот Трите најдоминантни хороскопски знаци е превземен од МАКФАКС.