Тригодишно дете со скршена бутна коска, наместо операција си замина дома со гипс. Од Гостивар пред два дена го донеле на хируршките клиники со Брза Помош. Бидејќи не работи оперативниот блок лекарите им рекле на родителите да пробаат со гипсирана нога со надеж дека ќе му помине без интервенција.
Збореа дека во Велес треба да се направи операција со тим на доктори од тука, но бидејќи има сега гипс ќе видиме дали ќе помине, ако не во петок операција, вели мајка на тригодишно дете.
Малото момче од Гостивар е едно од многуте пациенти кои трпат стресови и нервози поради одложени операции. Пред хируршките клиники имале и син чиј татко од внатрешноста веќе три недели чека за операција со малигна болест. Еднаш биле дома, повторно се вратиле вчера но незнае кога неговиот родител кој досега на двапати го подготвувале за операција ќе влезе во сала.
Освен за најитни случаи во сали со компресори од надвор, на хирургија веќе 17 дена нема оперативен програм и стотици пациенти за хронични операции имаат одложени и пролонгирани термини. Директорите досега не излегоа во јавност, а за смрдеата во хируршкиот блок од заеднички служби топката ја префрлаат на клиниките.
Во меѓувреме, иако избран за пратеник во новиот состав, Илир Демири од „Европскиот фронт“ на ДУИ, противзакононски одбива да даде оставка од функцијата – министер за здравство.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.