Кошаркарите на МЗТ Скопје го освоија Купот на Македонија 13. пат во својата историја. Во финалето МЗТ го декласира Кожув со 86:61.
Финалето имаше доза на неизвесност само на почетокот на натпреварот. Серијата од 12:3 му ја донесе на МЗТ првата серизна предност (18:10) и од тој момент започна доминацијата на МЗТ.
На стартот од втората четвртина, МЗТ стигна и до двоцифрена предност, а на пауза замина со предност од 15 поени (42:27).
Во вториот дел МЗТ рутински ја одработи својата работа.
Бојан Крстевски со 16 поени беше најефикасен во победничкиот тим, двоцифрени беа Андреј Маслинко со 15 поени и Војдан Стојановски со 12 поени. Андрија Стевановиќ со 20 поени го предводеше Кожув.
Текстот Трет пат во низа, 13.пат во клупската историја МЗТ го освои Купот на Македонија е превземен од МАКФАКС.