Бразилската манекенка Жизел Бундхен неодамна го роди своето трето дете, прво со партнерот Хоаким Валенте. Претходно не се знаеше ниту името, ниту полот на новороденчето, но извор близок на манекенката сега откри неколку нови информации.

Според магазинот „Пипл“, Жизел родила момче. Неименуваниот извор рекол и дека таа му го дала средното име Ривер, што би можело да претставува посебна врска со нејзините деца од бракот со Том Брејди.

Жизел и поранешниот американски фудбалер ги добија ќерката Вивијан Лејк и синот Бенџамин Реин. Ако на своето трето дете навистина му го дала средното име Ривер, таа ќе ја продолжи традицијата да им дава имиња на децата поврзани со водата.

Текстот Третото дете на Жизел Бундхен е момче, а познато е и името, објави „Пипл“ е превземен од МАКФАКС.