Нов фаворит за менаџерската функција на Тотенхем е тренерот на Селтик, Анге Постекоглу. Според англиските медиуми, 57-годишниот стручњак го импресионирал раководството на лондонскиот клуб со двете последоватни сезони во кои освои двојна круна со Селтик, со атрактивен и напаѓачки фудбал.
Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, во саботата им вети на навивачите дека тимот мора да ги воодушеви навивачите со нивниот стил на игра следната сезона, па стилот што ќе го наметне идниот менаџер е од клучно значење.
До вчера фаворит за функцијата беше Арне Слот, кој сепак утрово најави дека не само што ќе остане во Феенорд, туку дури и ќе потпише нов договор со клубот.
Претходно, на Тотенхем му откажаа и Маурисио Покетино, Јулијан Нагелсман, Винсан Компани и Чаби Алонсо. Луис Енрике продолжува да биде опција за Тотенхем, но засега најсериозен кандидат е Постекоглу.