Ако вашето дете има помалку од пет години, треба да го заштитите од штетното влијание од малите екрани, предупредуваат американски научници.

Додека многу студии се занимавале со последиците од дискутабилните содржини на ТВ програмите, научниците од Универзитетот Масачусетс истражувале колку било што кое се прикажува на телевизија го зема вниманието на децата.

Научниците заклучиле дека иако е само вклучен, а децата не го гледаат, звукот од ТВ негативно се одразува на нивната игра – ќе ја поремети и ќе ја стопира. Студијата опфатила 50 испитаници на возраст до пет години. Малите деца кои биле поделени во две групи биле снимани на видео трака. Во првата соба каде што играла едната група телевизорот не бил вклучен и тука играта траела без прекин, додека во другата во која телевизорот бил вклучен, децата набргу почнале да се забавуваат.

Истражувањето покажало дека телевизијата ги спречува децата на возраст од три до пет години да го задржат вниманието на играта. Поради тоа, Американската академија за педијатрија препорачала децата до својата трета година да не бидат изложени на малите екрани, а на постарите времето да им се ограничи на максимално два часа дневно.