Професорот по теоретска механика на битолскиот универзитет „Свети Климент Охридски“, Дејан Трајковски, кој од почетокот на пандемијата прави пресметки и анализи за ширењето и последиците од Ковид-19, алармира дека потребни се превентивни и рестриктивни мерки за справување со корона вирусот. Тој вели дека денеска од Ковид-19 почина 17-годишна ученичка, а истовремено се отвораат диско клубовите, ноќните клубови и баровите.
Како не сфаќаат дека основната претпоставка им е грешна, дека со вакцини не може да се совлада епидемијата (ако опфатот е под 80%), бидејќи вакцините моментално имаат ефективност (т.р. намалување на ризикот) против заразување од само 20%? Вакцинираните речиси подеднакво како невакцинираните ја пренесуваат болеста наоколу и усмртуваат други, од ранливите категории, иако самите се прилично заштитени од смртен исход. Време е конечно да се сфати: епидемијата може да се запре исклучиво со превентивни и рестриктивни мерки – вели професорот Трајковски.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.