Донација за децата со дијабетес беше предадена во Градски парк, кај Школка од виолинистот, професор и диригент Ерхан Шукри.
– Успеавме да ја дадеме донацијата која ја ветивме за децата со дијабетес. На 2 октомври 2023 година се одржа мојот јубилеен концерт „Првите мои 20 во 30“, кој беше со хуманитарен карактер за децата со дијабетес. Од продажбата на билетите беше предвидено да се купат лентички и глукомери за нив, посебно за ранливата категорија на семејства. Претседателот на Сојузот на здруженијата на дијабетичари предложи да се донираат транспортери бидејќи во меѓувреме децата добија ленти и глукомери. По сите поминати нормативи преку Министерство за финансии и Министерство за правда уште во јануари беа обезбедени транспортерите за децата, изјави за МИА Шукри.
По девет месеци, како што посочи Шукри, се доделија транспортерите на децата.
– Верувам дека малку ќе ја подигнеме јавната и општествена свест со што ќе помогнеме на тие деца да се чувствуваат убаво бидејќи тие се нашата иднина, иднина како носители на нашата држава, додаде Шукри.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.