Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе воведе секундарни царини од 25 до 50 отсто за целата руска нафта доколку утврди дека Москва ги попречува неговите напори да стави крај на војната во Украина. Овие мерки би можеле да стапат на сила во рок од еден месец доколку не се постигне прекин на огнот.
Трамп изјави за NBC News дека е „многу лут“ и „бесен“ кога рускиот претседател Владимир Путин предложи смена на украинскиот претседател Володимир Зеленски и формирање преодна влада со поддршка на Обединетите нации.
„Нова администрација значи дека нема да има договор долго време, нели? рече Трамп.
„Ако сме на средина на преговори, тогаш можам да кажам дека бев многу лут, бесен, кога Путин вчера почна да го доведува во прашање Зеленски… затоа што тоа едноставно не води во вистинската насока, разбирате?“
Трамп рече дека планира да разговара со Путин оваа недела. За време на претседателската кампања во 2024 година, тој постојано ветуваше дека ќе стави крај на, како што ја нарекува, „смешната“ војна во Украина, а тоа е прашањето на кое се фокусираше откако ја презеде функцијата на 20 јануари. Самиот Трамп повика на нови избори во Украина и во еден момент го нарече Зеленски диктатор.
Текстот Трамп: Јас сум бесен на Путин и тој го знае тоа е превземен од МАКФАКС.