Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека ќе ја прогласи организацијата составена главно од левичарски активисти, Антифа, за „голема терористичка организација“ и повика на истрага против луѓето кои наводно ја финансираат.
„Со задоволство ги информирам нашите бројни американски патриоти дека ја означувам Антифа, за болна, опасна, радикална левичарска катастрофа, како голема терористичка организација“, напиша Трамп во објава на Truth Social, објави CBS News.
Тој додаде дека „исто така, силно ќе препорача оние кои ја финансираат Антифа да бидат темелно истражени во согласност со највисоките законски стандарди и практики“.
Трамп даде слична најава дека Антифа ќе биде прогласена за терористичка група за време на неговиот прв мандат во 2020 година, кога земјата беше зафатена од насилни протести, но потоа тој не ја спроведе заканата, анализираат
Во текот на изминатата недела, Трамп и неговите сојузници се побунија против „радикалното левичарско политичко насилство“ по убиството на конзервативниот активист и интелектуалец Чарли Кирк.
Фото: принтскрин
Текстот Трамп соопшти : Антифа ќе биде прогласена за терористичка организација е превземен од МАКФАКС.