На крајот од кампањата, Доналд Трамп неуморно повторува дека имигрантите се закана за Американците, наведувајќи насилни криминални случаи и обвинувајќи ја Камала Харис за тие злосторства.

Тој го повторува ова и покрај фактот што сериозните истражувања покажуваат дека имигрантите не вршат повеќе злосторства од просечната американска популација.

„Нема да дозволам да се пролее уште една капка американска крв“, рече тој, повикувајќи на смртна казна за секој имигрант „кој ќе убие Американец“.

Текстот Трамп: Смртна казна за имигрантите кои убиваат Американци е превземен од МАКФАКС.