Претседателот на САД, Доналд Трамп, имаше телефонски разговор со белорускиот претседател Александар Лукашенко, објави белоруската новинска агенција Белта.

Разговорот го потврди и Трамп.

„Имав одличен разговор со високо почитуваниот претседател на Белорусија, Александар Лукашенко. Целта на повикот беше да му се заблагодарам за ослободувањето на 16 затвореници. Разговаравме и за ослободувањето на дополнителни 1.300 затвореници. Нашиот разговор беше многу добар. Разговаравме за многу теми, вклучувајќи ја и посетата на претседателот Путин на Алјаска. Со нетрпение очекувам да се сретнам со претседателот Лукашенко во иднина. Ви благодарам за вашето внимание на ова прашање!“, напиша тој.

Текстот Трамп разговараше со Лукашенко: „Имавме одличен разговор“ е превземен од МАКФАКС.