Американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и оцени дека САД и Израел се „на иста страна“.
„Тукушто разговарав со премиерот на Израел, Биби Нетанјаху, во врска со голем број теми, вклучувајќи ја трговијата, Иран итн. Разговорот помина многу добро. На иста страна сме по секое прашање“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.
Претходно, израелските медиуми објавија дека Трамп ќе разговара со израелскиот премиер за договорот за заложниците во Газа, како и за нуклеарните преговори со Иран, според два извори запознаени со ова прашање.
Разговорите меѓу лидерите доаѓаат неколку дена по втората рунда разговори за нуклеарниот договор меѓу САД и Иран во Рим и откако преговорите за договор со милитантната група Хамас за заложниците дојдоа во ќорсокак.
Текстот Трамп: „Разговарав со Биби, ние сме на иста страна по секое прашање“ е превземен од МАКФАКС.