Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се врати на Менхетен – ова е втор пат како дел од истрагата на обвинителката на државата Њујорк, Летиција Џејмс откако таа ја презеде функцијата во 2019 година, јавуваат американските медиуми.
Трамп сведочи како дел од повеќегодишната истрага за неговите афери и семејството.
Трамп се повика на неговите права од Петтиот амандман повеќе од 400 пати за време на неговиот прв говор во август. Тој негираше каква било злоупотреба и рече дека истрагата е политички мотивирана и дека е „лов на вештерки“.
Претседателот Трамп не само што сака, туку и денеска ќе сведочи пред државниот обвинител – изјави во четвртокот адвокатката на Трамп, Алина Хаба.
„Тој останува непоколеблив во својата позиција дека нема што да крие и со нетрпение очекува да го информира јавниот обвинител за огромниот успех на неговата компанија вредна повеќе милијарди долари.
Џејмс, поднесе тужба против Трамп во септември, тврдејќи дека тој и неговата компанија ги заведувале банките и другите за вредноста на неговите средства.
Тужителката според медиумите, тврдеше дека Трамп и неговите деца, Доналд Џуниор, Иванка и Ерик, како и неговите соработници и бизниси, наводно извршиле „многубројни чинови на измама и лажно претставување“ во нивните финансиски извештаи.
Џејмс тврдеше дека Трамп ја „надувал својата нето вредност за милијарди долари“ и рече дека неговите деца му помогнале да го стори тоа.
Трамп ја тужеше Џејмс во ноември, тврдејќи дека таа ја злоупотребила својата позиција како државен обвинител за да го повреди него, неговото семејство и неговиот бизнис. Трамп тврдеше дека Џејмс водела „немилосрдна, деструктивна, јавна и непростлива крстоносна војна“ против него „за да го уништи лично, финансиски и политички“.
Трамп доброволно ја отфрли тужбата во јануари./makfax