Цените на нафтата значително паднаа на светските берзи минатата недела, по четири недели раст, бидејќи американскиот претседател побара од ОПЕК да ги намали цените и истовремено најави зголемување на производството на нафта во САД.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 2,8 отсто, на 78,50 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 4,1 отсто, на 74,66 долари.

Доналд Трамп во своето обраќање пред учесниците на Светскиот економски форум во Давос, рече дека побарал од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) да ја намали цената на нафтата за да им наштети на руските финансии и со тоа да ја притисне Русија да започне мировни преговори со Украина.

Трамп претходно изјави дека неговата цел е да го зголеми домашното производство на нафта, а истовремено да го забрза издавањето дозволи за нови проекти.

Текстот Трамп објасни како ланира да ја притисне Русија да започне мировни преговори со Украина е превземен од МАКФАКС.