Хауард Лутник денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп не сака украинскиот претседател Володимир Зеленски да поднесе оставка по тензичната средба во Овалната соба во петокот.
На прашањето од новинар на Си-Ен-Ен дали Трамп сака Зеленски да поднесе оставка, Лутник брзо одговори негативно.
„Не, тој не е вклучен во украинската политика. Она што тој сака да го направи е да биде миротворец“, рече Лутник.
Текстот Трамп не сака Зеленски да поднесе оставка по нивната напната средба, вели американскиот секретар за трговија е превземен од МАКФАКС.