Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е уверен дека договорот за прекин на огнот во Појасот Газа ќе се одржи.
„Тоа не е наша војна, тоа е нивна војна. Но, не сум сигурен дека примирјето ќе се одржи“, рече Трамп како одговор на прашањата на новинарите, пренесе Би-би-си утрово.
Тој додаде дека Хамас е ослабен, и дека Појасот Газа изгледа како место на масовно уништување.
Трамп, поранешен магнат за недвижности, исто така рече дека „може да се направат убави работи“ со Газа ако планот се оствари.
„Тоа е феноменална локација на море. Знаете, се е добро“, додал американскиот претседател, пренесе Би-би-си.
Текстот Трамп не е убеден дека примирјето во Газа ќе се одржи е превземен од МАКФАКС.