Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека учесниците на протестот во Лос Анџелес „имаат тенденција да плукаат во лице“ на членовите на Националната гарда кои беа испратени во тој град за да ги смират немирите и дека одговорот на членовите на гардата на ова ќе биде да ги „удрат“.
„Ако плукаат, ние ќе удриме. Оние кои учествуваат во немирите имаат тенденција да плукаат во лицата на Националната гарда и на другите. На овие патриоти им се вели да го прифатат тоа, така функционира животот. Но, не во администрацијата на Трамп. Ако плукаат, ние ќе удриме и ви ветувам дека ќе бидат погодени посилно од кога било досега. Таквото непочитување нема да се толерира“, рече Трамп во објава на неговата социјална мрежа.
Трамп го обвини гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, дека ги инспирирал „катастрофалните немири“ во Лос Анџелес, поради кои беше испратена Националната гарда на Калифорнија во тој град.
Немирите во некои делови од Лос Анџелес избувнаа како одговор на активностите на Министерството за миграција на САД (ICE), кое изврши рации во бизниси во потрага по нелегални работници, т.е. мигранти.
Текстот Трамп: Непочитувањето нема да се толерира, ќе удриме посилно од кога било е превземен од МАКФАКС.