Доналд Трамп коментираше за прашањето на Крим откако се појави информација дека неговиот мировен план вклучува признавање на руската контрола врз територијата од страна на САД.
Тој рече дека Украина „изгубила многу територија“ за време на војната, додавајќи: „Ќе направиме сѐ што можеме работејќи со Украина“.
Зборувајќи конкретно за Крим, Трамп изјави дека територијата била „предадена“ додека Барак Обама бил претседател. „Тоа нема никаква врска со мене“, рече Трамп.
Сепак, тој додаде дека ќе биде „многу тешко“ за Украина да го врати Крим.
Потоа американскиот претседател нагласи дека „нема лојалност кон никого“, туку дека има „лојалност кон спасување животи“.
„Мислам дека ќе постигнеме договор“, рече тој, додавајќи: „Мислам дека сме многу блиску до договор“.
Текстот Трамп: На Украина ќе ѝ биде многу тешко да го врати Крим е превземен од МАКФАКС.