Трамп објави дека ќе отвори своја социјална мрежа откако беше забранет од Твитер, Фејсбук и Јутјуб во јануари, бидејќи сметаа дека ги поттикнал своите поддржувачи на агресија пред нападот на Капитол.

Advertisements

Платформата „Truth social“ ќе биде новата социјална мрежа во сопственост на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп. Како што јавуваат американските медиуми, Трамп сака да се спротивстави на тиранијата на технолошките гиганти кои ја искористија својата еднострана сила за да ги замолчат гласовите на несогласување во Америка.

Трамп објави дека ќе отвори своја социјална мрежа откако беше забранет од Твитер, Фејсбук и Јутјуб во јануари, бидејќи сметаа дека ги поттикнал своите поддржувачи на агресија пред нападот на Капитол.

Платформата „Truth social“ почнува со работа во ноември, како бета верзија – односно од идната година ќе биде целосно функционална, јавија американски медиуми.

Оваа социјална мрежа ќе биде во сопственост на новоформираната „Trump Media & Technology“ (TMTG), структура што ќе обезбедува и видео услуги.

Прикажи повеќе