Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Хамас со „последно предупредување“ и ги повика да ги ослободат сите заложници што ги држат во Газа.
„Шалом, Хамас значи здраво и збогум – имате избор. Ослободете ги сите заложници сега, не подоцна и веднаш вратете ги сите тела на луѓето што ги убивте или за вас е готово“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Вистина“.
„Само болни и развратни луѓе ги чуваат телата, а вие сте болни и изопачени. Му испраќам на Израел се што му треба за да ја заврши работата, ниту еден член на Хамас нема да биде безбеден ако не го направите тоа што ви го кажувам“, рече Трамп.
Соопштението дојде откако Трамп се сретна со група заложници во Белата куќа кои неодамна беа ослободени со прекин на огнот.
Инаку, ова не е првпат Трамп да му се заканува на Хамас. Во декември тој рече дека „ќе плати пеколна цена“ доколку заложниците не бидат ослободени до моментот кога тој ја презеде функцијата.
Во меѓувреме, портпаролката на Белата куќа, Керолин Левит, потврди дека САД директно преговараат со Хамас за да се обидат да обезбедат ослободување на заложниците. Пред разговорите беше консултиран Израел, додаде таа.
Текстот Трамп му се закани на Хамас: Веднаш вратете ги сите тела на луѓето што ги убивте или за вас е готово е превземен од МАКФАКС.