Советникот на рускиот претседател Дмитриј Ушаков ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Владимир Путин, Ким Џонг Ун и Кси Џинпинг се во заговор против Америка.
Кога започна воената парада во Пекинг, Трамп напиша на неговата социјална мрежа: „Нека претседателот Кси и прекрасниот народ на Кина имаат голем и траен ден на прослава. Ве молам, пренесете ги моите топли поздрави до Владимир Путин и Ким Џонг Ун додека кроите заговор против Соединетите Американски Држави.“
На прашањето за овие изјави, Ушаков одговори: „Сакам да кажам дека не се планирани никакви заговори, никој не крои заговори, воопшто нема заговори, а згора на тоа, ниту еден од овие тројца лидери дури и не помислил на такво нешто.“
Тој додаде: „Можам да кажам дека сите ја разбираат улогата што ја играат Соединетите Американски Држави, сегашната администрација на претседателот Трамп и самиот претседател Трамп во денешната меѓународна динамика.“
фото: принтскрин
Текстот Трамп кажа дека Путин и Кси се во заговор против САД, стигна одговор од Русија е превземен од МАКФАКС.