Поранешниот американски претседател Доналд Трамп пристигна во судот во Менхетен, каде е формално уапсен. Откако пристигна пред зградата на судот и излезе од автомобилот, погледна во правец на своите симпатизери и ги поздрави со стигната тупаница, пренесува „Гардијан“.

Advertisements

На Трамп ќе му бидат земени отпечатоци од прсти, по што ќе се појави на судење на кое треба да се изјасни дали е виновен по сите точки од обвинението. Се додава дека судијата на њујоршкиот Врховен суд потоа ќе му дозволи на Трамп да се врати во куќата на Флорида, каде вечерва планира да им се обрати на симпатизерите.

Прикажи повеќе