Американскиот претседател Доналд Трамп денес го коментираше зближувањето на Индија и Русија со Кина, што беше демонстрирано на неодамнешниот самит во Тинџин, Кина.
„Изгледа дека ги изгубивме Индија и Русија од најтемната, најцрната Кина“, рече Трамп на својата мрежа Truth Social, заедно со фотографија од рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот претседател Шји Џјинпинг и индискиот премиер Нарендра Моди, направена на самитот на Шангајската организација за соработка во Тинџин претходно оваа недела.
„Нека имаат долга и просперитетна иднина заедно“, напиша тој во објавата, очигледно иронично.
Медиумите потсетуваат дека Трамп претходно го нарече самитот во Кина заговор против САД. Рускиот претседател Владимир Путин одговори дека „Трамп има добро чувство за хумор“.
За време на самитот, Шји Џјинпинг повика на воспоставување нов мултиполарен светски поредок што ќе ја предизвика американската демократија како водечка сила во глобалните прашања. Таквиот поредок, според него, би го вратил светот во состојба во која суперсилите ги контролираат своите сфери на влијание.
Фото: принтскрин
Текстот Трамп: Ги изгубивме Индија и Русија поради најмрачната Кина е превземен од МАКФАКС.