САД ќе воведат 100 проценти царина на сите филмови направени надвор од земјата, објави денес американскиот претседател Доналд Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social.

„Нашата филмска индустрија е киднапирана од други земји, исто како што крадат бомбони од деца. Калифорнија, со својот слаб и некомпетентен гувернер, е особено силно погодена! Затоа, за да го решам овој долгогодишен и бесконечен проблем, ќе воведам 100 проценти царина на сите филмови направени надвор од Соединетите Американски Држави. Ви благодарам за вашето внимание“, објави тој.

Според „Ројтерс“, Трамп се заканил дека ќе воведе такви тарифи во мај, но понудил малку детали, што довело до забуна кај лидерите во индустријата за забава.

Акциите на Netflix и Warner Bros Discovery паднаа за 1,4 проценти и 0,6 проценти, соодветно, во претпазарното тргување.

Фото: ЕПА

Текстот Трамп воведува 100 проценти царина на сите филмови направени надвор од САД е превземен од МАКФАКС.